Акционерско собрание

 

Гласање преку полномошник


Секој акционер може да овласти со полномошно друго физичко или правно лице како свој полномошник на седницата на Собранието. Полномошното се издава во писмена форма со пополнување на образецот за гласање преку полномошник (Полномошно за физички лица, Полномошно за правни лица, Пример на Полномошно).

Полномошно мора да содржи комплетни податоци за идентитетот на акционерот и полномошникот, и тоа:
- За акционерот - пополнето целосно име и презиме, место на живеење, своерачен потпис и ЕМБГ на акционер физичко лице, односно назив, седиште, печат, ЕМБС, целосно име и презиме и своерачен потпис на законскиот застапник на акционер правно лице,
- За полномошникот - целосно име, презиме, место на живеење и ЕМБГ за полномошник физичко лице, односно назив, седиште и ЕМБС на полномошник правно лице.

Акционерите се должни веднаш да го известат Друштвото за секое дадено полномошно со доставување на копија од целосно пополнет образец, на еден од следните начини:
- По електронски пат на адреса: zkpelbt@t-home.mk кога се доставува копија во скенирана форма,
- По писмен пат на адреса:

ЗК ПЕЛАГОНИЈА АД БИТОЛА
Ул. Новачки пат бр. 11
7000 Битола
Одбор на директори на Друштвото
Со назнака „за Собрание на акционери“


Во случај акционерот од било која причина да не може да го преземе образецот за давање полномошно од интернет страницата на Друштвото, истиот може да користи и други видови обрасци за давање полномошно во писмена форма. Полномошникот е должен оригиналот од полномошното да го носи на седницата на Собранието. Акционерот кој нема да го извести Друштвото за даденото полномошно ќе се смета дека не го дал полномошното.

Друштвото може да бара дополнително утврдување на личниот идентитет на акционерот како услов за уважување на полномошното, како и верификација на дадените инструкции за гласање. Полномошникот е должен при евиденција на своето присусутво на Собранието да го предаде полномошното во писмена форма во оригинал, како и да презентира документ за идентификација – лична карта или пасош.

За полномошници на Собранието, можат да бидат назначени и лица кај кои постои конфликт на интерес согласно Законот за трговски друштва, под услов ако полномошниците:
- Претходно им обелодениле на акционерите дека кај нив има конфликт на интерес и
- Добиле конкретни инструкции за гласање во писмена форма од акционерите од кои се овластени да бидат нивни полномошници за секоја предложена точка за гласање по точките на дневниот ред на седницата на Собранието.

Друштвото на својата интернет страница ќе го објави идентитетот на назначените полномошници кај кои постои конфликт на интерес.