За нас

Историјат

ЗК Пелагонија ад Битола е водечка компанија во рамките на агробизнисот во Република Македонија.
 Основна дејнст на Друштвото е примарно земјоделско производство на нивски култури како што се  пченица , јачмен , маслена репа , сончоглед ,  пченка зрно , пченка силажа и друго,  одгледување на крупен добиток , сточарско производство , рибарство, градинарсто и овоштарство. Во својата производна дејност вклучува производство и доработка на сертифициран семенски матерјал од житни , индустриски и фуражни култури и производство на концентрати за сите категории на говеда .
            Високото ниво на техничко-технолошко знаење контунуираното подобрување на квалитетот и квантитетот на млечното  производството , воведувањето на нови сорти и високоприносни хибриди ,  придонесуваат за зајакнување на  позицијата на Друштвото на домашниот пазар и отворање на простор за освојување на странски пазари во регионот.
             Менаџментот и вработените во ЗК Пелагонија ад Битола прават особени напори за доследно пратење на светските трендови во земјоделството , со постојано инвестирање во зголемување на обработливите површини и сточниот фонд , со што компанијата  го има приматот на најголем производител на храна во земјата .                       ЗК ПЕЛАГОНИЈА АД Битола , како акционерско друштво  е регистриранo на 09.05.1997 година во судскиот регистар на Основниот суд во Битола.

            Управувањето со Друштвото е организирано според едностепениот систем преку Одборот на Директори.

                Врз основа на Договор за долгорочен закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост склучен на 15.10.1998 година со Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на РМ,  и Анекси кон истиот заклучно со  Анекс бр.7  oд 22.02.2016 година, ЗК Пелагонија ад Битола обработува  17.530,25 хектари од кои 234 хектари се под Рибници.
ЗК Пелагонија ад Битола поседува во сопственост и земјоделско земјиште со површина од 85 хектари кое е купувано од физички лица во изминатите години.
Во 2016 година во ЗК Пелагонија ад Битола од вкупно  расположивите  17.296,25 хектари , е остварено производство на 16.274,67 хa и тоа :
- есенски култури                                                      8.300,63 ха
            -пролетни култури                                        7.271,94 ха
            -повеќегодишни насади                               702,01 ха                         
            Од останатите обработливи површини со кои стопанисува Комбинатот  дел  беа оставени како угари за сеидба за во наредните години.

            Говедарството во ЗК Пелагонија ад Битола е водечка гранка во сточарското производство и е организирано во две фарми (Новаци и Породин) каде говедата се одгледуваат со слободено движење.
На 31.12.2016 година во ЗК Пелагонија ад Битола има вкупно 3.628   грла  од  сите категории на говеда. 
Вкупното произведено кравско млеко во 2016 година  изнесува 15.690.341 литри.
Покрај набавката на холштајн-фризиските  високопродуктивни крави и јуници, во говедарските фарми посебен  акцент се става на почитување на сите стандарди и се посветува особено внимание на хигиената , правилната и висококвалитетна исхрана , а се со цел  добивање на врвно и здраво млеко по европски стандарди.

Рибарството во ЗК„ Пелагонија„ ад Битола е застапано во двата  рибници :
Рибник Жабени на површина од   172 ха 
Рибник Букри на површина од         62 ха 
            Вкупно                                               234 ха
Друштвото располага и со сопствен репродуктивен центар за производство на подмладок на конзумна риба –крап. Инаку рибниците се порибуваат и со  увезен подмладок на крап, амур , тостолобик и сом,  кои се набавуваат од реномирани одгледувалишта од  Бугарија и  Србија .
Капацитетот на рибниците изнесува од 800 до 1.100 кг риба  на хектар , или вкупно годишно може да се произведе од 160.000 до 192.000 кг. риба.
Во текот на 2016 година се продадени се вкупно 19.643 килограми на конзумна риба.

Во рамките на ЗК Пелагонија ад Битола работи и Фабриката за сточна храна лоцирана во с.Радобор,  во која се произведуваат концентрати за сите категории на говеда .Под раководство на висококвалификувани технолози и најсовремена производна линија , производството на концентратите во најголем дел се прави од сопствените земјоделски производи, по пропишани рецептури кои ги задоволуваат сите потребни стандари.

Пелагонија Енерџи ДООЕЛ Логоварди Битола - биогасни електрани со инсталиран капацитет на енергетските објекти во Логоварди и Породин  од 6 мегавати со преработка на  арското ѓубриво и заедно со фуражната пченка се добива биогас.
Електраните произведуваат зелена енергија од обновливи извори, кои истовремено значат и преработка на органскиот отпад од говедарските фарми Новаци и Породин во склоп на ЗК „Пелагонија“.
Целокупната проектна документација, технологијата и опремата се набавени од италијанската фирма „Рота Гвидо“, додека од „Џенерал електрикс“е купена опремата за производство на електрична енергија. Во плановите на оваа компанија е впишан и проектот за изградба на стакленици на двете централи на површина од 10 хектари.

Одбор на директори

Сите важни одлуки во врска со работењето на нашата компанија се донесуваат на седница на одборот на директори кои го сочинуваат пет члена, од кои еден извршен член, и четири неизвршни членови.

 

Весна Белешовска-Бунтеска
- извршен член.
Цветан Панделевски- претседател на одбор на директори - неизвршен член.
Александар Георгиев
- неизвршен член.
Анета Ѓоргиев                           - неизвршен член.