ФДХ

 

Добиточна храна

Како предуслов за рентабилно сточарство

Во склоп на нашата компанија работи и Фабриката за добиточна храна во која се произведуваат концентрати кои се наменети првенствено за наши потреби, но голем дел од производството на концентрати е наменето и за продажба.

Под раководство на високо квалификувани технолози и најсовремена производна линија се произведуваат концентрати за сите категории на говеда.

Производството на концентрати во најголем дел се прави од сопствени земјоделски производи по пропишани рецептури кои ги задоволуваат сите стандарди во производството на концентрати.