Понеделник, 21 Мај 2012

ЗК ПЕЛАГОНИЈА АД БИТОЛА

Најголемиот производител на храна во Република Македонија

Земјоделскиот комбинат Пелагонија АД Битола произлегува од некогашниот Земјоделско Индустриски Комбинат Пелагонија Битола кој беше формиран во Јули 1963. ЗК Пелагонија АД Битола својот самостоен развој го започна во 1991 година кога на договорна основа согласно одлуката на Централниот работнички совет се издвојуваат преработувачките и услужните дејности во посебни правни субјекти, а примарното земјоделско производство продолжува да работи како единствено претпријатие во општествена сопственост, под името ПОС ЗК Пелагонија - Битола. Како претпријатие во општествена сопственост ЗК Пелагонија работи се до 09.05.1997 година, кога е регистрирано како акционерско друштво. ЗК Пелагонија АД Битола денес е акционерско друштво во областа на земјоделското производство. Според големината на активата, бројот на вработени и големината на остварените приходи се вбројува во големи претпријатија.

За обработка на обработливите површини комбинатот располага и користи најсовремена агромеханизација од типот на John Deere, постоечките сточарски капацитети се современи и модернизирани во склад со најновите дотигања од оваа област. Се прават особени напори за доследно пратење на светските трендови во земјоделието, постојано се инвестира во зголемување на обработливите површини и сточниот фонд, со што се овозможува нашата компанија да го има приматот на најголем производител на храна во република Македонија со посебен акцент кон поуспешно освојување на странските пазари во иднина.

Моментални цени на РИБИ:   Крап:140ден/кг, Амур:150ден/кг, Карас:30ден/кг, со вклучен ДДВ и воден надомест
Моментални цени на ДОБИТОЧНА ХРАНА:   Конц. за молзни крави КМК18:18 ден/кг, Конц. за јунци:16 ден/кг, со вклучен ДДВ
Моментални цени на РИБИ:   Крап:140ден/кг, Амур:150ден/кг, Карас:30ден/кг, со вклучен ДДВ и воден надомест
Моментални цени на ДОБИТОЧНА ХРАНА:   Предстартер за телиња:25ден/кг, Конц. за свињи:21ден/кг, со вклучен ДДВ
Моментални цени на ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ:   Пченка:13,65ден/кг, Пченка зрно:13,125 ден/кг, Слама:2,95ден/кг, Пченка силажа:2,95ден/кг
Моментални цени на ДОБИТОЧНА ХРАНА:   Конц. за спрасни маторици:19 ден/кг, Конц. за овци:16 ден/кг, Конц. за јагниња:18 ден/кг, со вклучен ДДВ